Покана за шеста форумска сесија

Форумот во заедницата во општина Крива Паланка има чест и задоволство да Ве покани на шестата последователна  форумската сесија  која што ќе се одржи на 20.11.2012г. (вторник) во 13 часот во хотел „Турист“  Крива Паланка.

Општина Крива Паланка го реализира проектот „Форуми во заедницата“, кој имаше за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Проектот беше подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и со сопствено учество на локалната самоуправа, а имплементирачка организација е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Форумскиот процес беше  отворен за сите граѓани, кои сами  одлучија за изборот на темата, проектната  идеа  и проектот „Реконструкција на дел од улицата Свети Јоаким Осоговски – стара чаршија“  кој во рамки на програмата беше реализиран.

На оваа шеста последователна форумска сесија ќе биде презентиран реализираниот форумски процес, ќе биде извршена презентација на резултатите од форумскиот процес од  претходните пет сесии, а од страна на општината ќе биде презентиран реализираниот проект „Реконструкција на дел од улицата Свети Јоаким Осоговски – стара чаршија“  како и активностите околу реализација на препораките дадени од страна на граѓаните- учесници на Форумот во заедницата. 

За целокупната програма, нејзиното значење и постигнатите резултати пред присутните  ќе се обрати Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски.

     

                                                                                        Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст