Известување за граѓаните

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Стручна расправа по Нацрт-Генерален урбанистички план за Крива Паланка

Стручната расправа по Нацрт-Генералниот урбанистички план за Крива Паланка ќе се одржи на ден 09.11.2012 година (петок) во големата сала на општината Крива Паланка со почеток во 13,оо часот.

Заинтересираните лица и субјектите од членот 29 ставовите 1 и 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање можат да стават забелешки по нацртот на планот во рок од десет работни дена од одржувањето на стручната расправа, а доколку истите не бидат доставени ќе се смета дека немаат забелешки на планското решение.

Просторот на кој се однесува Нацрт-Генералниот план за Крива Паланка е во следниот опфат:

  • На север граничи со К.О.Градец, К.О.Лозаново и К.О.Дрење;
  • На исток граничи со К.О.Дрење; К.О.Варовиште и К.О.Кошари;
  • На југ граничи со К.О.Кошари; К.О:Дурачка Река; К.О. Мартиница и К.О.Конопница;
  • На запад граничи со К.О.Конопница.

 Површината на опфатот на Нацрт-Генералниот урбанистички план за  Крива Паланка изнесува 615,оо ха.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
         Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст