Дневен ред на 47-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   47-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.09.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

1. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2012 година;

2.  Предлог – Одлука за давање согласност на Барањето за формирање паралелки  со помал број на ученици;

3. Прдлог –  Одлука за усвојување на Извештај на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;

5. Прдлог –  Одлука за усвојување на Извештај на ДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

6. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2012/2013 година.

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател
Милка Митовска

 

 

Големина на фонт
Контраст