Дневен ред на 46-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 24.09.2012 година (понеделник) во 14,30 часот.Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

1.Презентација на физибилити студија за гасификацијана Општина Крива Паланка;

2.Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за гасификација на Општина Крива Паланка;

3.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

4.Предлог – Одлука за за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;

5.Предлог – Одлука  за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

6.Предлог –Одлука за усвојување на Програма за работа наООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2012/2013 година;

7.Прдлог –  Одлука за усвојување на Извештај на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2011/2012 година;

8.Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2012/2013 година ;

9.Предлог – Одлука за давање мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јоаким Крчовски“;

10.Предлог – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Крива Паланка во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги;

11.Предлог – Одлука за усвојување на Одлуката на ЈП„Комуналец“ за проширување на дејност;

12.Предлог – Одлука за превземање на водоводот „Вирови“ населба Грамаѓе – с.Конопница  и отстапување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

13.Предлог – Одлука  за давање приоритет на проект ,,Изградба  на општински пристапен пат Спој М-2 -Стамболиска маала – маала Деловодци во с.Конопница  во должина до 1км”

14.Предлог – Одлука за давање  согласност за Реализација на проектот ,,Изградба  на општински пристапен пат Спој М-2 -Стамболиска маала – маала Деловодци во с. Конопница во должина до 1км” и за обезбедени средства за реализација

15. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-План на изменување и дополнување на ДУП за дел од урбан блок 11 во Крива Паланка;

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател
Милка Митовска

 

 

Големина на фонт
Контраст