Конкурс за доделување на осмооктомвриска награда на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на општински признанија и награди, Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка, на  3-та седница, одржана на 05.09.2012 година, одлучи да распише 

К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „8-МИ ОКТОМВРИ“
НА ОПШТИНА КРИВА ПЛАНКА ВО 201
2 ГОДИНА

  1. Наградата “8-ми Октомври“ на Општината Крива Паланка се доделува на  физички и правни лица од Општината Крива Паланка и од Република Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.
  2. Наградата покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.
  3. Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.
  4. Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.
  5. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.
  6. Предлогот мора да биде образложен, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.
  7. Конкурсот трае 8 осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка.
  8. Предлозите во 3 (три) примероци се доставуваат до Општина Крива Паланка, адреса  ул. Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка.
  9. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

 

                              Одборот за доделување награди и признанија
                                                на општината Крива Паланка
                                                          Претседател
                                                     Милка Митовска

 

Големина на фонт
Контраст