Се реновира Вавилон центарот

Градоначалникот Арсенчо Алексовски денеска го посети Вавилон центарот каде беше запознат со тековните активности за реновирање на објектот, кој со одлука е доделен на користење на ИО „Наум Наумовски Борче”. Со проектот кој е финансиран од страна на Мировниот корпус е опфатено внатрешното реновирање и уредувањето на дворното место.

Средствата во висина од 4.000 долари се наменети за набавка на материјални, а сите останати активности поврзани со реновирањето ќе се извршат од извидниците, нивните родители и заедницата на волонтерска основа.

Големина на фонт
Контраст