Дневен ред на 41-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   41-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 30.04.2012 година (понеделник) во 14:30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

 Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записници од 39 и 40 седница на Советот.

1. Предлог – Нацрт – Програма за енергетска ефикасност 2012-2014 година;

2. Информација за потпишување на Повелбата за пријателство помеѓу Општина Крива Паланка и Општина Самбревил Белгија;

3. Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности  за учениците од VI-то одделение – деветолетка и III – одделение од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка; и

4.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај  за работење на ЗЈП ЕКО-ЗОНА за 2011 година;

5.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за јавна чистота Крива Паланка за 2011 година;

6.Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работата на ЈП „Комуналец“ за 2011 година;

7.Предлог – Одлука за давање гаранција за задолжување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

8. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1 и К 2 за I квартал во 2012 година;

9. Предлог – Одлука за утврдување на трошоци на Комисии при Советот на Општина Крива Паланка;

10. Предлог – Одлука за давање согласност за аплицирање на проект „Да ги намалиме далечините“;

11. Предлог – Одлука за укинување на одделни дејности, проширување со нови дејности и промена на називот на Јавно претпријатие за изградба и одржување на локални патишта, инфраструктурни објекти и градски паркинзи, уредување на буици, одржување на улично осветлување, изготвување на техничка документација и дистрибуција на природен гас во Општина Крива Паланка ЈП „Калин Камен“ – Крива Паланка;

12. Предлог – Одлука за усвојување на Статутот на ЈП за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности Калин Камен – Крива Паланка;

13. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за  изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2012 година;

14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените к.п.899;

15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.6648;

16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.6647;

17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените к.п. 5379;

18. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на социјалната заштита за 2012 година;

19. Предлог – Одлука за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на нацрт-план за измена на ДУП за урбан модул „Стар Пролетер“ – Криа Паланка;

20. Предлог – Одлука за давање на користење градски базен во Крива Паланка.

 

                                      СОВЕТ ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                  Претседател,
                                                Милка Митовска