Соопштение за граѓаните – Бесплатни садници бел бор

Општина Крива Паланка во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа и ЈП „Македонски шуми“ обезбеди одредена количина на бесплатни тригодишни садници бел бор за пошумување на површини во општина Крива Паланка.

Се известуваат сите граѓани кои се заинтересирани за добивање на бесплатни садници бел бор најдоцна до 16 март  2012 година да поднесат барање во Општината.

Покрај барањето граѓаните треба да достават доказ за сопственост на парцелата (имотен лист и копие од катастарската парцела).

Сите информации може да ги добиете кај Бранко Велиновски, одговорно лице за распределба на садниците.

Контакт телефон  075 236 557.

 

                                                                         ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА