Соопштение за граѓаните – Традиционална прослава на Бадник

Пoчитувани сограѓани,

Ве известуваме дека во понеделник на 6-ти јануари, Oпштина Крива Паланка традиционално ќе го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на плоштадот Карпошово востание со почеток од  12.00 часот до 14.00 часот.

Сите заинтересирани за бадникарски кум може да се пријават најдоцна до 03.01.2020 г. до 14.00 часот. Лица за контакт се Душко Арсовски (076 236 557, dusko@krivapalanka.gov.mk) и Сашко Додевски (076 363 744, sdodevski@krivapalanka.gov.mk).

Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција со славска посна трпеза, осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња.

Општина Крива Паланка  Ве поканува  да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден-Бадник, во пресрет на Христовото раѓање-Божиќ.

Поради зголеменото загадување на воздухот и негативните последиците по животната средина, и оваа година Општина Крива Паланка, ќе се воздржи од палење на бадникарски оган на градскиот плоштад, и во исто време упатува апел и ги замолува  сите наши сограѓани  да го избегнат палењето на оган при организирање на маалските собири и прослави.