Седница на Локалниот совет за превенција

На 29.02.2012 во малата сала на Општината Крива Паланка, по барање на Секторот за превенција при СВР Куманово, се одржа седница на Локалниот совет за превенција (ЛСП).

Дневен ред на седницата беше

  1. Реализирање на проектот – „Безбедно управување со мотор“ и
  2. Едукативна акција на тема „Запознавање на основите на сообраќајната безбедност и сообраќајната култура во средните училишта“

Седницата ја водеше Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, кој истакна дека Општината го подржува реализирањето на проектот „Безбедно управување со мотор“, како и Едукативната акција, со што ќе се придонесе кон зголемување на сообраќајната безбедност и сообраќајната култура. Тој исто така наведе дека Општината ќе ги превземе сите потребни активности за успешна реализација на проектот секако во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за превенција како и основните и средното училиште.

Од страна на претставникот на Министерството за внатрешни работи, инспектор за превенција Стојмир Стефановски, беше дадено подетално објаснување за содржината на  проектот односно акцијата и активностите кои ќе бидат преземени за реализација на истите, а во соработка со директорите на основните училишта опфаќајки ги и подрачните училишта  и средното училиште.

Од страна на сите присутни членови на Локалниот совет за превенција беше подржана ваквата активност со заклучок да се доставуваат известувања до ЛСП за секој степен на реализација на проектот, како и за бројот на учениците кои ќе се пријават за полагање за возачка дозвола од национална „М“ категорија.
Големина на фонт
Контраст