Дневен ред на 30-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 30-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 06.12.2019 година (петок) во 14,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од свечена седница и 30-та седница

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот  на сретствата  на Буџетот  на Општина  Крива Паланка  за 2019 година;
  2. Предлог – Одлука за за распределба на сретстава од блок дотации за 2020 година;
  3. Предлог –Одлука за воспоставување на меѓуопштинска  соработка меѓу општините Штип, Карбинци, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Македонска Каменица,Чешиново–Облешево, Зрновци, Пехчево, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Липково, Старо Нагоричане, Свети Николе  и Куманово  за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално  управување со отпад;
  4. Прдлог-Одлука за основање  на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;
  5. Предлог – Одлука за кофинансирање на проект  Изградба и реконструкција  на тротоари во град Крива Паланка –десна страна во должина  од 2+240,74м;
  6. Предлог – Одлука за одобрување финансиски придонеси за имплементација на проектот „Создавање  на услови за здрави генерации“;
  7. Предлог –Одлука за усвојување на програмата за работа  на ЛУ Градски Музеј –Крива Паланка за 2020;
  8. Предлог-Решение за разрешување на член на Училишен одбор на СОУ Ѓорче Петров –Крива Паланка;
  9. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на СОУ Ѓорче Петров –Крива Паланка;
  10. Предлог-Решение за именување на член на Управен одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Крива Паланка;
  11. Предлог-Одлука за предавање на објект „Канализација за отпадни води за дел од с.Конопница  на ЈП Комуналец“-Крива Паланка;
  12. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во општина Крива Паланка за 2020 година;
  13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.766 и к.п 767/1 во К.О.Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.464 и к.п 462 во К.О. Дурачка Река, Општина Крива Паланка;
  15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2961/1 и дел од к.п.бр.3118 во К.О.Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
  16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4198 и к.п.бр.4200/1 во К.О.Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
  17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2294 во К.О. Длабочица , Општина Крива Паланка;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1835/2 ,к.п.1838/2 и к.п.1840/1 во К.О. Мала Црцорија, Општина Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1978 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;

 

 

   СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

                                                                                                                    Претседател,

                                                                                                        Изабела Павловска , с.р.