Буџет на Општина Крива Паланка за 2012 година

Буџетот на Општина Крива Паланка за 2012 година  изнесува 396.157.300 денари. Приходниот дел ќе се обезбедува од даночни, неданочни и капитални приходи, потоа приходи од дотации, трансфери и од донации.

Општина Крива Паланка ќе  инвестира во областа на животната средина, урбанистичкото планирање, поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот и во останатата комунална инфраструктура.

Посебен акцент и вложување на општинските средства во следната година ќе се даде во изградбата и реконструкцијата на водоводни системи, довршување на улицата Св.Јоаким Oсоговски и друга инфраструктура, при што се издвоени средства во висина од 117.406.500 денари.

Големина на фонт
Контраст