Соопштение за граѓаните – План за рестрикции

Поради настанатата состојба со недостиг на вода за пиење во градската водоводна мрежа ЈП „Комуналец“ Крива Паланка заради ублажување на последиците, односно снабдување со вода во текот на денот на сите корисници воведува рестрикции и тоа:

1.ЛЕВ БРЕГ (по течението на Крива Река) ќе бидат исклучени од водоводна мрежа и тоа во деновите:
понеделник, среда и петок     во време од     7ч-13ч
вторник, четврток и сабота    во време од     13ч-19ч

2. ДЕСЕН БРЕГ (по течението на Крива Река) ќе бидат исклучени од водоводна мрежа и тоа во деновите:
понеделник, среда и петок     во време од     13ч-19ч
вторник, четврток и сабота    во време од     7ч-13ч

3. Во недела ќе се прави рестрикција по потреба

Ваквата состојба ќе трае се до подобрувањето на водоснабдувањето на градот со вода за пиење.
 
 
ЈП Комуналец- Крива Паланка
Директор,
Цане Николовски

 

Големина на фонт
Контраст