Надлежности на Градоначалник

Согласно Статутот на Општина Крива Паланка (член 23) Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

1. Ја контролира законитоста на прописите на Советот.
2. Ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината.
3. Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.
4. Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на општините.
5. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот.
6. Го предлага Годишниот буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината.
7. Го извршува Буџетот на Општината.
8. Избира директори на јавните служби кои ги основа Општината, врз основа на јавен конкурс.
9. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности, во согласност со Статутот.
10. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон.
11. Донесува Правилник за систематизација на работните места на Општинската дминистрација.
12. Раководи со Општинската администрција.
13. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во Општинската администрација, до колку поинаку не е определено со Закон.
14. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината во согласност со Законот и Статутот.
15. Врши други работи утврдени со Закон и со овој Статут.
Големина на фонт
Контраст