Пoкана за промотивна прес конференција за медиумска писменост

Почитувани,

Ве покануваме на  13 ноември (среда), во 11 часот, во големата сала на општина Крива Паланка, на промотивна прес конференција на проектот „Медиумско описменување за  критичен младински став“, кој го спроведува Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, во соработка со медиумскиот партнер-веб порталот „Аберџија“ од Кратово и основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“  од Крива Паланка, „Х.Т.Карпош“ од Ранковце и „Кочо Рацин“ од Кратово.

Целта на проектот е креирање на критички став и младински активизам за позитивни општествени промени преку медиумска писменост кај учениците од основните училишта, а како целна група се опфатени учениците од 9-те одделенија од наведените 4 основни училишта.

Во напливот на дезинформации и неконтролирано ширење на лажни вести,  стекнувањето на вештини за медиумска писменост и критичкото опсервирање на медиумските пораки се од исклучителна важност за градење на медиумска култура и младински активизам во локалните заедници.

Проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ се спроведува со поддршка на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“- Центар за европски стратегии, во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-КриТинк“, финансиран од Европската Унија.