Покана за петта форумска сесија

Форумот во заедницата во општина Крива Паланка има чест и задоволство да Ве покани на петтата форумската сесија,  која што ќе се одржи на 21.12.2011г. (среда), во 13 часот, во хотел „Турист“  Крива Паланка.

Општина Крива Паланка, во периодот од месец септември до месец декември,  го реализира проектот „Форуми во заедницата“, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и со сопствено учество на локалната самоуправа, а имплементирачка организација е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Форумскиот процес е отворен за сите граѓани, кои сами ќе одлучуваат за изборот на темата, проектните  идеи и предлог проектите, кои ќе се реализираат со овој проект, а воедно, ќе бидат земени во предвид и во понатамошните општински активности.

На оваа петта форумска сесија согласно селектираните пет проектни предлози од страна на форумот,  ќе се изврши гласање и проектот или проектите кои ќе го добијат мнозинството од гласовите на форумот  ќе  бидат  реализирани во рамки на програмата.  

Преку проектот ,,Форуми во заедницата“, жителите на општина Крива Паланка одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Проектите ќе се финансираат од буџет од  2.800.000,00 МКД од кои 1.400.000,00 МКД се обезбедени од општината, а 1.400.000,00 МКД од Швајцарската агенција за развој.

Форумот на заедницата претставува алатка –  форма на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето одлуки кои се важни за нивниот  живот и за самата заедница. Преку Форумот, граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат одлуката.
 
 
Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски
Големина на фонт
Контраст