Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација на предлог детален урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка

Врз основа на член 35 од законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна анкета и  јавна презентација на предлог детален урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка

Јавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 18.10.2019 година до 01.11.2019 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Предлог деталниот урбанистички план за блок 7-А во Крива Паланка ќе биде изложен на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација за ДУП за блок 7-А во Крива Паланка ќе се одржи на ден  25.10.2019 година со почеток во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Опфатот за кој се однесува горенаведениот план е следниот:

Започнува од мостот кај „Нимулија“ во Крива Река и оди кон југозапад по течението на Крива Река до вливот на долот „Единство“ во Крива Река, свртува кон југ и оди узводно по долот и доаѓа до мостот на долот и ул.„Св. Јоаким Осоговски“, поминува преку улицата и продолжува кон југоисток по границата помеѓу к.п.бр.3129/1 и к.п.бр.3127 во КО Крива Паланка и доаѓа до границата со к.п.бр.2961/1 во К.О. Крива Паланка, продолжува југоистично по ул.„Пиринска“ и доаѓа до ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по улицата кон североисток и доаѓа до новиот крак на ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по истиот и доаѓа до мостот кај „Нимулија“ каде што свртува кон северозапад и доаѓа до вливот на долот во Крива Река, односно до почетната точка.

Вкупната површина на опфатот е 7,38 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

                                                                                                          ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                      
Градоначалник
                                                                                                                   Борјанчо Мицевски