Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 36-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 09.12.2011 година (петок) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
– Усвојување на Записници од 32 и 34 седница на Совет.
1. Предлог – Одлука за пренесување на право на управување на цевководот за водоснабдување од Станечка река до пречистителна станица;
2. Предлог – Одлука за давање согласност за започнување на постапка за јавно приватно партнерство на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
3. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Комуналец“-Крива Паланка кај деловните банки;
4.. Предлог – Одлука за проширување на средствата за во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;
5. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;
6. Предлог – Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2012 година;
7. Предлог – Програма за четвртиот меѓународен театарски фестивал „Св,. Јоаким Осоговски“ 2012 година;
8. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спорт и млади за 2012 година;
9. Предлог – Програма за акативностите на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2012 година;
10. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата за 2012 година;
11. Предлог – Програма за развој на информатичко-комуникациската технологија на Општина Крива Паланка за 2012 година;
12. Предлог – Одлука за распределба на средства од блок дотација за 2012 година;
13.Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2012 година;
14. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште за 2012 година;
15. Предлог – Програма за изградба и одржување на локална патна мрежа за 2012 година;
16. Предлог – Програма за изградба и одржување на водоводна мрежа во 2012 година;
17. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2012 година;
18. Предлог – План на програми за развој на Опшатината Крива Паланка за 2012-2014 година;
19. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на локалниот економски развој за 2012 година;
Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска