Соопштение за граѓаните

Почитувани граѓани,

Врз основа на Јавниот повик 03/2011 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата),Телото за управување со ИПАРД согласно Годишниот акционен план за комуникација за 2011 година, во соработка со  Општина Крива Паланка  организира  инфо ден за граѓаните  со цел нивно запознавање со можностите и начините  за користење на средствата од  ИПАРД Програмата.

Презентацијата ќе се одржи на ден 18.11.2011 г. (петок) во 14.00 часот во големата сала на  Советот Општина Крива Паланка.

Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за оваа Програма  да присуствуваат и да земаат учество на оваа презентација, бидејќи истата ќе биде презентирана од високо стручни лица.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст