Одржана третата сесија од Форумот во заедницата

На третата сесија од Форумот на заедницата, која се одржа на 10 ноември, во хотелот „Турист“, граѓаните ги подржаа сите 5 концепти за предлог-проекти, подготвени од работните групи. На сесијата без презентирани концептите за: реконструкција на градската улица на потегот од Старата чаршија го Градскиот пазар, изградба на пешачка патека покрај Крива Река од Зелениот пазар до ООУ„Јоаким Крчовски“, уредување на рекреативна патека до Станечки водопади, санација на пешачкиот мост во населбата Бегови Бавчи и решавање на проблемот со каскадите на Крива и Дурачка Река, кои го попречуваат природниот пат за мрестење на рибите.

На сесија присуствуваа и директорот на Швајцарската агенција за развој и соработка Татјана Фон Штенгер, националниот координатор на програмата за Македонија Ибрахим Мемети и извршниот директор на имплементирачката организација МЦМС.

Чест ми е да присуствувам на третата форумска сесија во Крива Паланка, која е дел од програмата Форуми во заедниците, а која овозможува директна соработка на граѓаните со општината. Секогаш кога ги посетувам општините задоволна сум од граѓаните, кои одвоиле време и напорно работат помеѓу сесиите за да и помогнат на општината. Ваквиот дијалог е тоа што придонесува вашата општина да се развива, а ние сме тука да ве подржиме во развојот и да ви посакаме успех во реализацијата на проектите за доброто на сите граѓани, изјави Фон Штенгер.

Учесниците на третата форумска сесија, преку плодна дискусија, покажаа голем интерес за сите предложени концепти со кои се развиваат решенија за наведените проблеми, утврдени од страна на граѓаните. Од нивна страна беа дадени и повеќе корисни предлози, препораки и совети за најдобра реализација на проектните идеи, а во дискусиите од стручна гледна точка активно беше вклучена и општинската администрација.

Сите 5 предложени концепти, со консензус беа прифатени од граѓаните и беше дадена согласност за нив да се подготват предлог-проекти.

Работните групи, на 14 ноември, со почеток во 13 часот, во салата за состаноци во општината, ќе одржат работилница со претставници на спроведувачката организација МЦМС за да се дадат упатства за изработка на предлог проектите. Резултатите од нивната работа ќе бидат презентирани на 4-та форумска сесија, која е закажана за 24 ноември, во хотелот „Турист“, со почеток во 13 часот.

 

Големина на фонт
Контраст