Известување за времен режим на сообраќај во централното градско подрачје

Почитувани,

Ве информираме дека од 24 до 31-ви август 2019 година, на градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се одржи голема културна манифестација „Кривопаланечко културно лето“. За таа цел улицата Св. Јоаким Осоговски во централното градско подрачје од Соларски мост до мостот на Нумулија ќе биде затворена за сообраќај од 17 часот на 24.08.2019 (сабота) до 12.00 часот на 01.09.2019 (недела).

За подготовка и непречено одвивање на активностите на манифестацијата, сообраќајот во периодот од 17 часот на 24.08.2019 (сабота) до 12.00 часот на 01.09.2019 (недела) во централното градско подрачје ќе биде пренасочен по новиот крак на ул. Свети Јоаким Осоговски кој ќе функционира двонасочно во погоре наведениот временски период. 

Ги информираме граѓаните дека во периодот од 17 часот на 24.08.2019 (сабота) до 12.00 часот на 01.09.2019 (недела), поради воведување на двонасочен сообраќај на новиот крак на ул. Свети Јоаким Осоговски, ќе биде забрането паркирање на автомобили.

 

                                                                                     ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКA

Големина на фонт
Контраст