Извлечени добитниците од еко наградната игра „Ја сакам мојата општина“

Денес во општинската сала на Крива Паланка беа извлечени добитниците на наградите од спроведената еко наградна игра „Ја сакам мојата општина“.

Градоначалникот Мицевски заедно со стручните лица од општината, пружија директна поддршка и сериозно се вклучија во реализација на оваа иницијатива и ги преземаа сите потребни мерки за популаризација на еко акцијата за собирање на електронскиот и електричениот отпад.  Затоа, еко акцијата на кривопланчани резултираше со вкупно соберени три еко магацина или околу три тона електронски и електричен отпад.

Градоначалникот на oпшина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го истакна своето големо задоволство од високата професионалност и организираност на тимот, кој директно беше вклучен во реализација на еко акцијата, упати благодарност на граѓаните  за масовното учеството во селекцијата на овој тип на отпад и воедно ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани.

Тој истакна дека резултатите од оваа еко акција покажаа дека граѓаните на Крива Паланка имаат вистинска потреба од еколошки чиста општина, тие се креатори и заштитници на животната средина и човековото здравје, а нивната екоолошка свест е на високо ниво.

Регуларноста ја следеше комисија составена од претставници на Општината, претставник од ЈП Комуналец, како  и член од компанијатата  Елколект ДОО Скопје- колективен застапувач со електрична и електронска опрема.

Наградите за добитниците беа обезбедени од страна на компанијата Елколект, Општина Крива Паланка и ЈП Комуналец, а беа извлечени од страна на учесници од публиката.

РЕЗУЛТАТИ ОД ЕКО НАГРАДНА ИГРА „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“

1.Таблет ES-BEAUTY-W 7,, /1GB/8GB     добитник сериски број  003343

2. ISKRA Smoothie mejker HY-1302/300W/0.6 L   добитник сериски број  003329

3. KEYBOARD +  MOUSE CLICK  USB KM-L2W добитник сериски број 003459

4. Фен за коса MAKS HD 3290 W добитник сериски број 003392

5. Чопер ISKRA SN-817 A-Li добитник сериски број 003374

6. Будилник SENKOR SDC 4400N добитник сериски број 003466

7. HE Цедалка СЈ-401 W добитник сериски број 003402

Награден фонд обезбеден обезбеден од  Општината Крива Паланка:

8. Електрична пегла SEVERIN  BA 3242 добитник сериски број 003422

9. Електричен Бокал 1,7 л ELEKTRONIK- FS -406 добитник сериски број 003369

10. Блендер МАХ- РБ 3542 добитник сериски број 003489

11. Фен за коса MAKS HD 3290 W добитник сериски број 003389

12. Електрична ламба – Феротехна добитник сериски број 003413

Награден фонд од ЈП Комуналец Крива Паланка:

13. ПВЦ индивидуален  сад за комунален отпад 120 л –зелена боја добитник сериски број 003470

14. ПВЦ индивидуален  сад за комунален отпад 120 л –зелена боја добитник сериски број 003378

15. ПВЦ индивидуален  сад за комунален отпад 120 л –зелена боја добитник сериски број 003420

16. Пакет цвеќе за садење добитник сериски број  003330

17. Пакет цвеќе за садење добитник сериски број 003396

Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во резултатите од извлекувањето,  имаат можност до крајот на месец јули да се јават во Општина Крива Паланка на одговорното лице Бранко Велиновски- Раководител на одделение за инспекциски надзор или на тел. 075 236 557 и да си ја подигнат наградата.

Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за  лична идентификација.

 

 

Големина на фонт
Контраст