Одржана втората сесија од Форумот во заедницата

Во хотелот „Турист“, на 20 октомври 2011 година, се одржа втората сесија од проетот Форум во заедницата, кој го реализира општина Крива Паланка, со финансиска подршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. На оваа сесија присуствуваа вкупно 120 учесници, а Форумскиот процес го водеше модераторот Гонце Јаковлеска од имплементирачката организација МЦМС.

Тема на втората форумска сесија беше  презентација на  проблемската анализа за форумската тема „Локален економски развој/ инфраструктурно уредување на градот и населените места во општината во функција на економскиот развој”. Во согласност со темата, со анализата беа опфатени  проблемите од комуналната и социјална сфера.

Учесниците, кои работеа на девет работни маси, извршија идентификација, дефинирање,анализирање и групирање на проблемите од оваа област, по што предложија и решенија за истите. Најголем дел од нив се однесуваа на уредување на централното градско подрачје, реконструкција на улицата од Старата чаршија до Градскиот пазар, решавањето на проблемот со паркинг просторот во градот, уредување на коритата на Крива и Дурачка Река и изградбата на тротоари и улично осветлување во индустриската зона. Со своите дискусии, учесниците покажаа дека овие проблеми најмногу ги засегаат граѓаните, односно дека тие се од најголем општ интерес за заедницата.

На крајот беше презентиран форматот на концептот за предлог-проект и формирани работните групи за развивање на концептите.

Преку Форумот на заедницата ќе се реализираат проекти, кои ќе ги изберат граѓаните, во рамките на проектниот фонд во висина од 2,8 милиони денари, обезбедени со поддеднакво учество од локалната самоуправа и од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Третата форумска сесија е закажана за 10 ноември.

 

Големина на фонт
Контраст