Дневен ред на 24-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 24-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.06.2019 година (четврток ) во 14,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од 23-та седница

1.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот  на Општина Крива Паланка  за 2019 година; 

2. Предлог –Одлука за усвојување на извештај за работа  на ЗЈП „Еко- Зона“ за 2018 година;

3. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работа  на ЗЈП „Еко Зона“  за 2018 година ;

4. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за работа на Центарот за развој на СИПР за 2018 година;

5. Предлог-Одлука за усвојување на Финансиски извештај за работа на Центарот за развој на СИПР за 2018 година;

6. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2020  година на СОУ Ѓорче Петров  Крива Паланка;

7. Предлог – Одлука за давање согласност  на годишнио план за вработување  за 2020  година на ОУД Боро Менков;

8. Предлог – Одлука за давање согласност  на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација  на работните места  во ОЈУДГ „ Детелинка“ Крива Паланка;

9. Предлог – Одлука за давање согласност  на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работните места  во ОЈУДГ„Детелинка“ Крива Паланка;

10. Предлог –Одлука за давање согласност за имплементирање и кофинансирање  на Проект „Цело е кога има се“;

11. Предлог- Одлука за кофинансирање на проект „Подобра спортска инфраструктура за подобро здравје за сите“;

12. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост  на РСМ на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2019 година; 

13. Предлог-Одлука за давање на користење  на движна ствар –Универзален ровокопач на  ЈП Комуналец Крива Паланка;

14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 543 и к.п бр.542 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;

15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр.1340 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;

16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр.2684 во К.О. Мождивњак, Општина Крива Паланка;

17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 7557 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;

18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1130/1 во К.О. Конопница , Општина Крива Паланка;

19. Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ навредност на бодот за пресметување на  платите на давателите  на јавни услуги  и на директорите  на јавните установи  за деца  за 2019 година.

          

                                                                                                       СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
               Претседател,
           Изабела Павловска ,с.р