Евалуациони резултати од еколошката акција „Општина без смет за поубав свет“

Еколошката акција „Општина без смет за поубав свет“, иницирана од страна на граѓаните,  успешно се спроведе на територијата на Општината.

Акцијата со логистички и човечки ресурси беше целосно поддржана од Општината Крива Паланка  и ЈП „Комуналец“.

Акцијата се спроведе  на целото градско подрачје со приградските населби, покрај магистралниот пат на излез и на влез во општината, покрај локалните патишта кон селата Конопница, Мождивњак, Лозаново и село Осиче, покрај стариот и новиот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски  и други  помали локации.

Во урбаното подрчје се спроведени 7 (седум) реонски акции на кои имаат земено учество вкупно  735 учесника. Оваа еколошка акција ја подржаа  седум локални невладини организации и две невладини организации  надвор од општината, „Кумановски акцијаши“   од Куманово и „Не биди ѓубре“ од Скопје .

Во рамки на оваа Еко акција  е спроведено  собирање на отпадот на 95 локации  од кои се соберени  вкупно 390 м3 на разновиден отпад. Од вкупната количина на соберен отпад 215 м3 се соберени во урбаното подрачје и приградските населби додека останатите 175 м3 се соберени во спроведените вонредни акции покрај патиштата кон предходно наведените населени места. Целокупниот собран  отпад е однесен  и депониран на комуналната депонија. Во рамки на овие акции се  исчистени  и некои повекегодишни депонии.

На поголем дел од исчистените локации од страна на надлежните служби на Општината  се поставени и  информативни табли за забрането фрлање на отпад како и соодветен надзор.

Општина Крива Паланка им се заблагодарува на сите кои помогнаа да се реализира  оваа голема еколошка акција,  а со тоа и успешно да се реализира оваа граѓанска иницијатива.

Се апелира до сите граѓани да ја чуваат околината и отпадот да го оставаат на определените места  и во определените садови за  отпад.

Согласно најавените активности, на предлог на  надлежните лица  за  спроведувањето на акцијата, се одлучи да бидат наградени со групни ваучери најмладите учесници. 

Наградите можат да се подигнат кај координаторот на акцијата, Бранко Велиновски – 075 236 557.

1.Прва награда – вредносен ваучер од 2500 денари

2. Втора награда – вредносен ваучер од 1500 денари

 

3. Трета награда- вредносен ваучер од 1000 денари

3. Трета награда- вредносен ваучер од 1000 денари