Аплицирајте за стипендија за една од летните менторски програми на Семос Едукација

Семос Едукација и Фондацијата „Со Срце за Крива Паланка” доделуваат целосна стипендија за една од следните летни менторски програми:

Летна менторска програма за UX Design http://bit.ly/2K7sdo1
Летна менторска програма за Game Design (Unity & Autodesk) http://bit.ly/2ZjM0Ep
Летна менторска програма за back-end Python Developers http://bit.ly/2WEFlYI

Критериуми за добивање на стипендијата се:

  1. Апликантот мора да е жител на Крива Паланка.
  2. Апликантот мора да има минимум 16 години
  3. Апликантот треба да достави есеј до 1000 зборови каде што ќе објасни како стекнатото знаење ќе го аплицира во пракса и како тоа знаење ќе придонесе за развој на Крива Паланка. Есејот треба да се испрати на kursevi@semos.com.mk со Subject: Апликација за целосна стипендија, најдоцна до 20 јуни.
  4. Апликацијата треба да ги содржи следниве информации:
  • Име и презиме на кандидатот
  • Возраст
  • Контакт Телефон
  • E-mail

Овие информации се доставуваат заедно со есејот.

Рокот за аплицирање е 20 јуни.

Обуката ќе се одвива во Скопје, под менторство на професионалци од компании, со сертифицирани тренери.