Поставени табли за забрането фрлање на отпад

Како дел од заложбите за справување со недозволеното одлагање на отпад на јавни површини и во природата, Општината Крива Паланка постави над триесетина  табли за забрането фрлање на отпад  на локации каде е евидентирано недозволено одлагање и фрлање на отпад. Поголем дел од таблите се поставени на локации кои со еколошките акции  се исчистени од отпад, а дел се поставени на локации кои е предвидено да се исчистат  во текот на  месец јуни. На локациите каде се поставени таблите ќе се спроведува и посебен надзор.

Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата најстрого е забрането фрлање на отпад на јавни површини и во природата, односно надвор од определените места и садови  за одлагање на отпад.

Согласно Законот за Јавна чистота  глоба  во износ од  50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка  ќе  му се  изрече на секое лице, кое постапува спротивно и не ја почитува забраната односно фрла отпад на јавна површина.

Согласно пак на Законот за животна средина глоба во износ од  60 евра во денарска противвредност во мандатна постапка  ќе  му се  изрече на секое лице, кое  фрла: апарати од домаќинството, мебел, акумулатори, батери, делови и компоненти од возила во природата или покрај патиштата.

Глоба во износ од  70 евра во денарска противвредност во мандатна постапка  ќе  му се  изрече на секое лице, кое  фрла: градежен шут, отпадни гуми и отпадни масла во природа и покрај патиштата.

Додека Глоба во износ од  100 евра во денарска противвредност во мандатна постапка  ќе  му се  изрече на секое лице, кое  фрла отпад во водни тела односно покрај  или во реки и долови.

Се известуваат граѓаните дека табли за забрането фрлање на отпад и соодветен надзор  се поставени на речиси секој излез од градот кон руралните населби.