Програма за работно ангажирање на десет невработени лица со ниски квалификации за вршење на јавни работи

Општината Крива Паланка аплицираше на повикот на Агенцијата за вработување за спроведување на мерката 6.2 од Програма за работно ангажирање за вршење на Јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од страна на Општините.

За спроведување на оваа Програма  е предвидена финансиска подршка  во износ од 400 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за повреда на работа  за 22 работни дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општината, Центарот за вработување и невработените лица кои ќе бидат работно ангажирани за јавни работи.

На корисниците на социјална помош  за времетраењето на работното ангажирање ќе им биде активно правото  на користење на социјална помош.

За реализацијата на Програмата  за јавни работи  на Општината Крива Паланка е одобрено работно ангажирање на 10  невработени лица (машки и женски лица) кои се наоѓаат во евиденцијата на Центарот за вработување  при тоа истите да бидат со ниски квалификации (со основно, незавршено основно, незавршено средно образование).

Програмата ќе се спроведува во месец јуни. Пријавување од денеска до 23 мај 2019 година.

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат во Општината, кај кординаторот на Програмата за јавни работи.

Бранко Велиновски тел: 075 236 557