Свечена седница на Советот на Општина Крива Паланка

По повод 8-ми Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка, Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува СВЕЧЕНА СЕДНИЦА на Советот на Општина Крива Паланка за 8-ми Октомври 2011 година (сабота) во 12 часот во големата сала на Општина Крива Паланка, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Поздравно обраќање на Градоначалникот на Општина Крива Паланка по повод празникот 8-ми Октомври;

2. Потпишување на договор за соработка помеѓу Општина Крива Паланка Р. Македонија  со општина Лугож Романија;

3. Потпишување на договор за соработка помеѓу Општина Крива Паланка Р. Македонија  со општина Млава Р. Полска;

4.Донесување на одлука за доделување на 8-мо Октомвриска награда;

5. Доделување на 8-мо Октомвриска награда;

6. Формирање на одбор за полагање на свежо цвеќе на споменикот пред зградата на Општината.

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска