Хепенинг по повод Денот на Европа, 9 Мај

 

 

Хепенинг по повод Денот на Европа, 9 Мај
09.05.2019
(четврток) Крива Паланка

Со голем број активности и пригодни манифестации Општина Крива Паланка и оваа година ќе се приклучи во одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа.

Прославата ќе се одвива во два дела и тоа:

  1. Музички хепенинг по повод Денот на Европа ќе се одржи на градски плоштад со почеток во 12,00 часот и 
  2. Ликовна работилница под мотото * Европа без граници* ќе се одржи во градскиот парк  во Крива Паланка  со почеток во 12,00 часот.

На хепенингот поздравно обраќање ќе има градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.  

Европа на 9-ти мај празнува два значајни настана и тоа Шумановата Декларација  од 1950 година и Денот на победата над фашизмот од 1945 година.
Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти Mај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

Општина Крива Паланка  како источна порта на РС Македонија кон ЕУ, ќе го одбележи  европскиот идентитет и заложбата  за заедништво на сите народи на стариот континент.

Целиот настан ќе се одвива во забавна атмосфера  со сликање, песни, музика, рецитали и интерактивно учество на граѓаните на општина Крива Паланка. 

Затоа ја користам приликата да ги поканам граѓаните на општина Крива Паланка да ни се придружат  на 9-ти Мај во 12,00  часот на градскиот плоштад  да се збавуваме со богатата културно уметничка програма и другите  презентативни и ликовни активности  кои истовремено ќе  се случуваат  на плоштадот, но може и лично, дирекно доколку  сакаме да бидеме и дел од интерактвните работилници.

Одбележување на Денот на Европа за нас како општина е предизвик и одговорност за афирмација на нашиот идентитет, култура и  добрите европски вредности.

  
                                                                                          Општина Крива Паланка