УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК: СОУ Ѓорче Петров Ве очекува во новата учебна година

Во тек е запишување ученици во прва година во СОУ Ѓорче Петров во  Крива Паланка  во учебната 2019/20 година.  Во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за гимназиско образование, машинска струка,  електротехничка струка,  угостителско –туристичка струка и текстилно-кожарска струка.

Училиштето нуди образование со посветени професори за што говорат големиот број на награди и признанија на учениците и нивните успеси во понатамошното образование, како и комфорна средина соодветна за учениците. СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка е избрано за најбезбедно и најчисто училиште во учебната 2017/2018 година во категоријата на средни училишта.

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК: СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВЕ ОЧЕКУВА ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА