Покана за учество во манифестацијата „Велигденска традиција“ 2019

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО МАНИФЕСТАЦИЈАТА

„ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА” 2019

Приближува големиот верски празник ВЕЛИГДЕН кој ги поврзува минатото и сегашноста, и ја сплотува традицијата и младоста.  За да ја зачуваме и продолжиме традициjата понатаму, Општина Крива Паланка заедно со ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка традиционално по шести  пат ја  организираат манифестација: „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА“ која ќе се одржи на ден 29.04.2019 г. (понеделник) во 11:00 часот – втор ден Велигден во дворот на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Ве покануваме и Вие да земете учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА 2019 на  ден  29.04.2019 г. (понеделник ) во 11:00 часот со ваши лични или колективни (групни) изработки.  Манифестацијата е од натпреварувачки карактер, и ќе бидат изберени:

Најубаво велигденско јајце (I, II и III место)

Натпревар во најцврсто јајце

Пријавување во просториите на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка секој работен ден од 08 до 16 часот, лице за контакт: Наталија Милковска (071 353 045), e-mail: [email protected] или на денот на манифестацијата до 11:00 ч.

За сите информации околу манифестацијата може да се информирате и на ФБ страните:  Gradski muzej, Gradski Muzej Kriva Palanka и Култура општина Крива Паланка.

Сите изработки  треба да  бидат означени со ваша шифра која ќе си ја изберете. Изборот на најубаво велигденско јајце ќе  го прави однапред формирана тричлена жири-комисија.

Ви благодариме за учеството!

 

 

Големина на фонт
Контраст