Еко наградна игра „Ја сакам мојата општина“

ДУО ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Крива Паланка, обезбеди собирно место за одделни видови на отпадна електрична и електронска опрема.

Оставете го вашиот отпад во ЕКО Магацинот на ДУО ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, кој се наоѓа покрај кејскиот ѕид на Крива Река, кај автобуската станица – Крива Паланка.

Награден купон може да подигнете во просториите на Општина Крива Паланка во период од 02.05.2019 до 27.06.2019.

Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на ден 28.06.2018 во 10 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка.

Одговорно лице: Бранко Велиновски (branko.velinovski@krivapalanak.gov.mk, тел. 075 236 557)