Конкурс за доделување признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава и најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на општина Крива Паланка за учебна 2018/2019 година

Врз основа на член 61 од Статутот на Општина Крива Паланка (Сл.гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10 и 8/2014), а во врска со Одлуката на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-773/27 од 14.03.2019 година за доделување на Признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава и најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на општина Крива Паланка, Општина Крива Паланка објавува

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈУСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК  ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА И НАЈУСПЕШЕН ПРОСВЕТЕН РАБОТНИК ВО ПРЕДМЕТНА НАСТАВА ВО ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА УЧЕБНА 2018/2019 ГОДИНА

Општина Крива Паланка објавува повик за  доделување на Признание  за најуспешен просветен работник во одделенска настава од прво до петто одделение и Признание за најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на учебна 2018/2019 година. На повикот може да се пријават сите просветни работници на територијата на општина Крива Паланка кои ги исполнуваат следните услови:

  •  Општи услови
  1. Да применуваат иновативни наставни практики во воспитно-образовниот процес;
  2. За својата работа да добиле признание од учениците, колегите, родителите или локалната заедница;
  3. Да придонесуваат за подобрување и унапредување на образовната работа;
  4. Да ги подготвуваат учениците да станат активни и одговорни граѓани во локалната зедница и општеството.
  • Посебни услови за кандидат за најуспешен просветен работник одделенски наставник од прво до петто одделение
  1. Да е вработен во воспитно-образовна установа на територија на општина Крива Паланка верифицирана со акт од Министерството за образование и наука;
  2. Да учествува во спроведување на активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во основните училишта;
  3. Да има збогатена биографија/CV во која ќе бидат наведени целокупните достигнувања во областа на образованието, културата, уметноста и пошироко во последните 5 години кои се значајни за воспитно образовната работа (благодарници, пофалници, потврди, дипломи и сл. да се достават во прилог на биографијата/CV. Секој од овие документи ќе се бодира со по еден бод).
  • Посебни услови за кандидат за најуспешен просветен работник наставник во предметна настава во основно и средно образование
  1. Да е вработен во воспитно-образовна установа на територија на општина Крива Паланка верифицирана со акт од Министерството за образование и наука;
  2. Да имаат добиено потврди за менторство во последните 3 години од акредитирани здруженија на наставници на наградени ученици на општински, регионален, државен и меѓународен натпревар за предмети согласно наставните планови и програми за воспитно-образовната дејност во основно и средно образование.
    Потврдите за меѓународниот натпревар по математика Кенгур нема да бидат земени во предвид.

Бодирањето ќе биде на следниот начин:

Прво место општински натпревар 3 бодa

Второ место општински натпревар 2 бода

Трето место општински натпревар 1 бод

Прво место  регионален  натпревар 6 бода

Второ место регионален натпревар 5 бода

Трето место регионален натпревар 4 бода

Прво место државен натпревар 9 бода

Второ место државен натпревар 8 бода

Трето место државен натпревар 7 бода

Прво место меѓународен натпревар 12 бода

Второ место меѓународен натпревар 11 бода

Трето место меѓународен натпревар 10 бода

Дипломите од меѓународен натпревар ќе се признаваат ако претходно се поминати сите фази на натпревари на национално ниво.

Од вкупно поднесените ќе бидат бодирани само три највисоки награди.

     3.  Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно-образовниот процес согласно наставните планови и програми за основно и средно образование, а добиени во последните 3 години од Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

            Сертификатите ќе бидат бодирани со по 2 бода, а ќе се бодираат најмногу 3 сертификати.

    4. Мислењето од Наставнички совет ќе се бодира со максимум 5 бода.

Документите заедно со пријавата се поднесуваат до Комисијата при Општина Крива Паланка во периодот од  08.04.2019 година  до  19.04.2019 годин.

По доставување на апликациите, имињата на кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно објавениот повик ќе бидат објавени на веб сајтот на www.krivapalanka.gov.mk во периодот oд 22.04.2019  до 25.04.2019 година и ќе се спроведе онлајн гласање.

Просветните работници во одделенска настава и просветниот работник во предметна настава со најмногу онлајн гласови ќе добијат вкупно 3 бода, а останатите ќе добијат последователно 2 бода, 1 бод и нула бодови.

На конкурсот не може да се јават кандидати кои во последните три години имат добиено вакво признание на најуспешен просветен работник.

Општината доделува и Признание за најдобар ученик од ООУ Илинден, најдобар ученик од ООУ Јоаким Крчовски и најдобар ученик од  СОУ Ѓорче Петров кои ќе бидат предложени од училиштата за прогласени ученици на генерации.

Предлозите за ученици на генерации училиштата треба да ги достават до Oпштина Крива Паланка најдоцна до 15.05.2019 година.

Признанијата за најуспешени просветени работници за тековната година и Признанијата за ученици на генерации ќе бидат доделени на Свечена академија организирана по повод  24 Мај, Ден на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј,  која ќе се одржи на ден 23.05.2019 година во НУ Центар за култура со почеток во 19.00 часот.

Конкурс за доделување признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава и најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на општина Крива Паланка за учебна 2018/2019 година

Пријава за доделување на признание

Биографија на наставникот

Доставени документи

Изјава за лични податоци

 

                                                                                                                          

Крива Паланка

28.03.2019 година

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник

Борјанчо Мицевски

 

 

Големина на фонт
Контраст