Заклучоци на Локалниот совет за превенција во однос на безбедносната состојба во општината

На состанокот на Локалниот совет за превенција, одржан на ден 22.03.2019 година,  беа донесени следните заклучоци за безбедносната состојба во општина Крива Паланка:

  1. Вишиот соработник за образование и спорт при Општина Крива Паланка да подготви и дистрибуира до сите училишта на подрачјето на општина Крива Паланка соопштение, во кое ќе ги демантира сите невистинити наводи за сомнителни движења на некакви возила со затемнети прозорски стакла и луѓе во темна гардероба, кои наводно следат некого.
  2. Соопштението да биде прочитано на класен час, во понеделник 25.03.2019 година, во основните општински училишта и во средното општинско училиште.
  3. Доколку се забележат сомнителни активности кои се битие на кривичното дело- грабнување веднаш да пријавуваат на бесплатниот телефонски број 192 и да извршат фотографирање на сомнителните луѓе и возила.
  4. ПС од ОН Крива Паланка да превземе соодветни мерки кон сите лица кои шират дезинформации во јавноста и преку социјалните мрежи за некакви наводни сомнителни движења и активности на луѓе и возила.
  5. Во текот на наредната недела итно и неодложно да се свикаат и одржат состаноци на Советите на родители во сите училишта на подрачјето на Општината на кои ќе се дискутира за наведената проблематика и да се прочита даденото соопштение.
  6. Да се работи на организирање и одржување на информативни средби со граѓаните, во соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово и медиумите, а преку кои ќе се врати довербата на граѓаните во безбедносната состојба во Општината.
  7. Заклучоците и соопштенијата да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината и во медиумите.       

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА