Покана за „РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Граѓаните одлучуваат
„РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Прва Форумска сесија 22.02.2019 г. (петок) во 12 часот
ресторан „Грација“ во Куманово

Почитувани  граѓани,

Североисточниот плански регион (СИПР) има чест и задоволство да ве покани на првата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата, која ќе се одржи на 22.02.2019 година, во 12 часот во ресторан ,,Грација“ во Куманово.

СИПР во  периодот од 22. 02. 2019 година до 15.03.2019 година ќе го реализира проектот  регионален форум во заедницата.  Ќе се одржат три форумски сесии и тоа:  1 фс-22.02, 2фс-01.03 и 3фс.- 15.03. 2019 г. Форумот  има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесите на одлучување на регионално ниво, да се подобрат постојните партнерства помеѓу локалните и регионални  ентитети и да се креираат нови партнерста на локална и  регионална основа со цел да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

Последователната форумска сесија ќе се одржи во месец октомври 2019 г. на која локалните и регионалните власти ќе го информираат форумот за реализацијата на форумските одлуки.

Форумот финансиски е подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка,  а се реализира во соработка со  Министерството за локална самоуправа, како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”.

Форумскиот процес е отворен за сите заинтерсирани граѓани од североисточниот плански регион ( жителите на шест општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка).

Граѓаните од СИПР ќе имаат можност самите да одлучуваат за проектните идеи и предлог проекти кои ќе се реализираат во рамки на четири теми дефинирани со проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој”:

1.Туризам;

2.Животна средина;

3.Бизнис инфраструктура и

4.Социјална инклузија;

Почитувани граѓани имате можност директно да влијаете на подобрување на социоекономската состојба во регионот, а со тоа  самите  да влијаете на подобрување на сопствениот живот.

За сите дополнителни информации во врска со форумските  сесии лице за контакт е координаторот  на форумот,  Владимир Павловски, Тел. 071 260 022 ilindenska@gmail.com.

Ве очекуваме!

                                                                                                   СИПР , Директор                                                                                                         Младен Протиќ