Дневен ред на 31-та седница на Советот

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   31-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 26.08.2011 година (петок) во 14 часот.Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записник од 27 –та и 30-та седница на Советот.

1. Предог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на

Буџетот на Општина Крива Паланка К 1 и К 2 за II квартал во 2011 година;

2. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул „8-ми Септември“ – Крива Паланка;

3. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените во с. Дурачка Река – Крива Паланка;

4. Предлог – Одлука Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на ул. „Партизанска“ (Домачки Дол) – Крива Паланка;

5. Предлог – Одлука  за купување на недвижна ствар градежно земјиште за потребите на Општина Крива Паланка;

6. Предлог –Одлука за давање дозвола на употреба на името „Крива Паланка“ како додавка во називот на фирма на трговски друштва, здруженија на граѓани и фондации;

7. Прдлог – Одлука за востанување општински признанија и награди;

8. Предлог – Решение за формирање на Одбор за доделување  награди на Општина Крива Паланка;

9. Предлог – Одлука за збратимување на Општина Крива Паланка  – Република Македонија со Општина Лугож – Романија;

10. Информација од ПС  ОН Крива Паланка за безбедносната состојба во областа на јавната безбедност за првото полугодие од 2011 година;

11. Информација за водоснабдување Висока зона и стопаниисување со градскиот базент;

12. Информација за исечените дрва од Спортско рекреативниот центар Крива Паланка;

13.Предлог –Одлука за изменување и дополнување на одлуката за  утврдување на реонот на Основно училиште „Илинден“ и Основно училиште„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка;

14.Информација  за  расчистување  на терен  со отстранување  на дрва и друг матријал од локацијата  предвидена  за  градба  на спортски комплекс.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска
, с.р.

Големина на фонт
Контраст