Соопштение за граѓаните – данок на имот

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот. Рокот за плаќање по  решенијата за данок на имот е 15 дена од денот на приемот на решението.

Ги молиме сите даночни обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот за 2011 година да се јават во Општина Крива Паланка, Оделение за финансии, соба бр.3.

На износот на данокот што нема да се плати во пропишаниот рок се плаќа камата од 0,05% дневно за секој ден задоцнување, согласно член 79 од Законот за данок на имот.