Дневен ред на 19-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 19-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.01.2019 година (среда) во 14,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од 18-та седница

  1. Предлог–Одлука за  усвојување  на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина  Паланка  К1,К2 и К3  за IV квартал во 2018 година;
  2. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
  3. Предлог- Одлука за усвојување на  извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2018 година – Крива Паланка;
  5. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за активности на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ за 2018 година;
  6. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за социјална заштита за 2018 година;
  7. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за работа за 2018 година за активности од областа на образование и спорт;
  8. Предлог- Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2018 година;
  9. Предлог-Одлука за давање согласнот на  Одлуката за  усвојување  на Правилник за измени на Правилникот за  систематизација на работните места во ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
  10. Предлог-Одлука за давање согласност за изработка на студија за ЈПП за градски базен во Крива Паланка; 
  11. Предлог- Решение за разрешување член во Одборот за контрола на  материјално-финансово работење на ЈП„Комуналец“- Крива Паланка;
  12. Предлог- Решение за именување член во Одборот за контрола на  материјално-финансово работење на ЈП„Комуналец“- Крива Паланка;
  13. Предлог- Решение за именување на член на Управен одборот во ЈЗУ  Здравствен дом Крива Паланка;
  14. Предлог-Одлука за  давање согласност   на  Одлуката  за изменување  на тековната состојба  на ЈП Комуналец Крива Паланка;
  15. Предлог- Одлука за за обезбедување  на дополнителни средства за проект „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река“  финансиран преку долгорочно задолжување со кредит од Светска Банка;
  16. Предлог-Правилник за определување на критериуми за доделување на финансиска помош на здруженија и фондации од Буџетот на Општина Крива Паланка;
  17. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во општината Крива Паланка за 2019 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 2340 и дел од к.п.бр.3000 во К.О. Киселица,  Општина Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 827 во К.О. Крива Паланка Општина Крива Паланка;
  20. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1811/2 и дел од к.п.бр.1847 во К.О.Крстов Дол, Општина Крива Паланка ;
  21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 1114 и дел од к.п.бр.1115 во К.О. Киселица ,Општина Крива Паланка;
  22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4300/2 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.9792 и дел од к.п.бр. 8091/1  во К.О.Градец , Општина Крива Паланка;
  24. Предлог –Програма за поставување на времени објекти на територија на Општина Крива Паланка за 2019 година;
  25. Предлог-Решение за формирање комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2019;
  26. Советнички прашања.              

                                                                               СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

                                                                               Претседател,

                                                                              Изабела Павловска,с.р.