Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на РМ

Почитувани сограѓани,

По добиените препораки од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, Општина Крива Паланка ги известува сите надлежни субјекти на локално ниво, како и сите жители на општината да ги следат издадените препораки:

– Континуирано да се следи временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;

– Да не се тргнува на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;

– Луѓето кои планираат да патуваат, да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;

– Да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;

– Да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;

– Луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;

– Планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови

  • Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
  • Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
  • Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
  • Да внимаваат на покривите – во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
  • Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
  • Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
  • До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.