Известување за имателите на бесправни објекти

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Имателите на бесправни објекти утврдени во член 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Р.Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 53/13, 72/13, 44/14, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15 и 31/16) на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите преставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект најдоцна до 31 декември 2018 година.

Барањето се поднесува во архива во општината или со препорачана пратка по пошта.

Архивата во Општина Крива Паланка ќе работи во следниве денови:

-29.12.2018

-30.12.2018

-31.12.2018год.

Во време за прием од 08:00 до 12:00часот

                                                                                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА