Јавно известување за стратешка оцена на животната средина

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010), Градоначалникот на Општина Крива Паланка го дава следното

ЈАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
За стратешка оцена за животна средина на плански документ – Државна урбанистичка планска документација за изградба на мала хидроелектрана МХЕ179,
КО Костур,
општина Крива Паланка 

Се известува заинтересирната јавност дека за ЕМК д.о.о.е.л. мали хидроелектрани од Скопје, во постапката за донесување на ДУПД се изработи Извештај за стратешка оцена за животна средина на плански докумет –  Државна урбанистичка планска документација за изградба на мала хидроелектрана МХЕ 179, КО Костур, општина Крива Паланка.

Просторот за кој се изработува ДУПД се наоѓа во село Костур на водотеците на Крива Река и Тораничка Река.

Малата хидроелектрана МХЕ 179 се состои од две машински згради и тоа машинска зграда МХЕ 179-1, лоцирана на Крива Река на постојниот рибник на к.п. бр. 1331 во КО Костур и машинска зграда МХЕ-2, лоцирана на вливот на Тораничка Река во Крива Река на к.п.бр. 1508 во КО Костур.

Водозафатите се предвидени на следните катастарски парцели: Водозафат 1 е на бреговите на Крива Река кај местото викано Две Реки; Водозафат 2 е на к.п.бр. 1510 во КО костур; Водозафат 3 на к.п.бр. 1508/2 во КО Костур; Водозафат 4 ќе се гради на к.п. 1303/1 во КО Костур.

Доводните цевководи се предвидуваат да бидат од стаклено полиестерски цевки со номинални дијаметри од 500 мм, 600мм, 700мм. Вкупната должина на цевководот изнесува 5650 м, а ќе оди покрај коритото на Крива Река и Тораничка Река низ следните катастарски парцели: к.п.бр. 1364; к.п.бр. 1517; к.п.бр. 1508/2; к.п.бр. 1287/2; к.п.бр. 1327; к.п.бр. 1303/1; к.п.бр. 1516 и к.п.бр. 1287/2 во КО Костур.

Изработениот Извештај како и нацртот на планскиот документ се достапни на заинтересираната јавност на интернет страницата на Општина Крива Паланка /www.krivapalanka.gov.mk/ како и во просториите на Општина Крива Паланка секој работен ден од 01.07.2011 год. До 01.08.2011 год.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 19.07.2011 година во 10 часот во големата сала на Општина Крива Паланка каде заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да присуствуваат и достават свои забелешки, мислења и предлози.

 

 

                   ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                  Градоначалник,

                    Дипл. Правник Арсенчо Алексовски