Извиднички одред ,,Наум Наумовски Борче“ започнува со мапирање на дивите депониии на локалитетот Калин Камен

Извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка во деновите 28,29 и 30. 09. 2018 година  ќе ја изведе третатта активност од проектот „Младински платформи за оддржлива заштита на прородата“, кој е финансиски поддржан од Општина Крива Паланка, со средства предвидени со Програмата за финансирање на здруженија и граѓански организации за 2018 година.

Активноста ќе биде спроведена во облик на тродневни искачувања на кои ќе учествуваат 30 млади лица од општината, а местото  за реализација на овој настан е локалитетот Калин Камен.

Основната цел на активностите ќе биде, мапирање на дивите депонии на локалитетот Калин Камен, подготовка за нивно отстранување и подготовка на промо-видео материјал за подигање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.