Честитки по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица

Градоначалникот на oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Тој во свое лично име и во име на Општина Крива Паланка до сите православни верници  упати искрени честитки по повод овој голем празник, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

„Нека овој празник биде поттик за подадена рака  на солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебна почит, разбирање и добрина.

Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Нека е за многу години денешниот празник и нека не води кон посветла и подобра иднина за сите нас“- порача градоначалникот Мицевски.