Честитка до градоначалникот на Перечин по повод Денот на независноста на Украина

По повод 24. Август, Денот на независноста на Украина, градоначалникот Мицевски упати честитка до градоначалникот на  збратимениот град Перечин во Украина,   г. Иван Погорељук.

-Во мое име и во име на граѓаните на општина Крива Паланка упатувам честитки по повод Денот на независноста на Украина, со искрени желби за успех, среќа и просперитет. 

Нека овој светол момент од Вашата историја е пример за взаемно разбирање и обединување  како единствен пат кон просперитет и заедничка европска иднина, се вели во писмото упатено до градоначалникот Погорељук.