Поставени три слободни „Ви-фи“ зони во општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка постави три слободни „ви-фи“ зони  лоцирани на централниот градски плоштад, плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на Општината и спортската сала „Бранители 2001“. Бесплатниот интернет е достапен како за жителите, така и за посетителите на општината.

Воведувањето на бесплатниот интернет во рамки на општината е во согласност со стратешките определби за модернизација на истата и ја потврдува отвореноста кон новите технологии со цел унапредување на работата и подобрување на достапноста и транспарентноста.