Општина Крива Паланка е рангирана на петтото место според Индексот на активна транспарентност 2018

Според Индексот  на активна транспарентност 2018, Општина Крива Паланка е рангирана на петтото место со 73,1% исполнетост на обврските за активно објавување на информации.

Истражувањето е спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации и содржи рангирање на 97 институции од извршната власт на централно и на локално ниво (министерствата, Владата и општините) според степенот на исполнетост на обврските за проактивно објавување јавни информации (на сопствена иницијатива на институциите).

Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Информациите за истражувањето се дадени на следниот линк:

Индекс на активна транспарентност 2018

Големина на фонт
Контраст