Известување за одржување на Јавна расправа – корекција

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 03.07.2018 година (вторник) во Мала сала, при ООУ Јоаким Крчовски во 14:00 часот ќе се одржи Јавна расправа во врска со проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Туристичка Фестивалска Атракција) “ што општината го аплицира во рамки на Вториот повик за проекти финансиран со средства на Европската Унија (ИПА 2), а менаџиран од страна на Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.

Јавната расправа ќе ги опфати сите аспекти на реализација на проектот.

На јавната расправа се покануваат сите заинтересирани да земат учество, со што би допринеле кон подобрување на квалитетот на реализација на проектот.

 ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски