Известување за градежни активности на улицата од Осички Мост кон населбата Домачки Дол

Почитувани,

Ве известуваме дека почнувајќи од 16.05.2018 г. ќе започне санација на улицата на потег од Осички Мост кон населбата Домачки Дол и патниот правец кон с.Огут. Средствата се обезбедени преку ЈП Државни патишта, а изведувач на работите е ЈП Македонија пат. Вкупната должина на трасата која ќе се реконструира  е 6200 метри.

За непречено одвивање на работите се замолуваат граѓаните од населбите Осичка Маала и Домачки Дол од коловозната и тротоарската површина да ги отстранат моторните возила, огревно дрво и друг материјал коj би претставувал пречка за  одвивање на градежните активности.

Во текот на асфалтирањето ќе има времен режим на сообраќај во овој дел од градот. Се молат граѓаните да имаат разбирање за отежнатото одвивање на сообраќајот  во текот на градежните работи.

Општина Крива Паланка