Одбележување на  Денот на Европа во Крива Паланка

Со голем број активности и пригодни манифестации Општина Крива Паланка во соработка со Делегацијата на ЕУ во Р.Македонија и оваа година ќе се приклучи во одбележувањето на 9 Мај- Денот на Европа.

Прославата ќе се одвива во два дела и тоа:

  • Хепенинг по повод Денот на Европа ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток во 14.30 часот и 
  • Музичко – поетска вечер под мотото „Место каде минатото се сретнува со иднината“ ќе се одржи на платото пред манастирот Св. Јоаким Осоговски со почеток во 19.00 часот.

На хепенингот поздравни обраќања ќе имаат градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар.

Хепенингот ќе се одвива во три дела и тоа изложба на материјали на четири  пулта  со многубројни интерактивни работилници, ликовен хепенинг и организирана музичка програма.

На овој настан со посебни презентации на пултови  ќе бидат претставени  4 држави членки на ЕУ и тоа:Словенија, Полска, Унгарија  и  Франција.

На музичко поетската вечер, што ќе се одржи на платото пред манастирот Св. Јоаким Осоговски,  ќе настапат бројни музичари и уметници.

Преку   живиот  збор на поетите, гудалото на виолината и виолончелото, жиците на гитарата, милозвучната песна на флејтата, грлото на расепеаните кривопаланчани, елегијата на етно и староградската песна и сето тоа вткаено во прекрасниот  пејсажен амбиент на десетвековното духовно, културно-историско и градителско наследство на нашиот заштитник и патрон Св.Јоаким Осоговски ќе се одбележи денот на европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

Ве покануваме, пригодно да ја одбележиме големата европска идеја за единство, приврзаност, взаемно почитување и заеднички вредности.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст